
Трикратно зголемени платите на работниците со оваа струка:
Во ек на, не само светска туку и криза во авио – индустријата, некои гигантски компании, сепак, се подготвени добро да ги платат своите пилоти.
Авијатичарите на Американ Ерлајнс и синдикатот на пилотите во таа компанија, се согласиле платите да се зголемат за трипати повеќе, со оглед на тоа дека овој клучен кадар на секој авио – превозник бил подготвен да се откаже од обавување на илјадници летови во јули, поради грешки во распоредот, известува CNBC.
Освен тоа, пилотите ќе добијат двапати поголема плата во текот на „шпиц“ сезоната на одмори.
Според информациите кои доаѓаат од синдикатот, станува збор за грешка која опфаќа 12,000 летови. Проблемот настанал додека американските и другите авио – компании се труделе да ги избегнат прекините на летови во текот на побарувачката на летни патувања.
Мило ни е што постигнавме договор со АПА и го цениме нивното партнерство во брзото носење на одлуки за да се грижиме за нашите пилоти, нашиот тим и нашите клиенти, се наведува во соопштението на Американ Ерлајнс.
Сличен проблем се случил во 2017 година, кога одморите на авијатичарите се поклопиле со гужвата во празниочниот период во декември. Превозникот тогаш на пилотите им понудил 150 % зголемена плата, доколку ги „преземат“ летовите.
Американската авио – компајија неодамна му понудила на овој стручен кадар зголемена плата за речиси 17 % до 2024 година.
Истовремено, во светот се случуваат апокалиптични сцени на аеродромите, а скандинавскиот САС токму во САД поднел процес за заштита од банкрот по основа на Поглавјето 11, поради спроведување на клучни елементи од својот план за реструктуирање „САС Напред“.
Пилотите на тој превозник неодамна стапиле во штрајк, бидејќи не успеале да постигнат договор за платите.