Дојде време работниците да ги бираат газдите, а не газдите работниците

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

„Ако ме бараш за работа, гледај како работам, а не дали имам деца, дали сум разведена, од каде сум и 300 други непотребни прашања…“

Интервјуто за работа само по себе е стресен момент за кандидатите кои се во неизвесност дали ќе ја добијат посакуваната работа, додека истовремено се трудат да се прикажат себеси и своите вештини во најдобро светло пред идниот работодавач.

Едно е сигурно, не постојат лесни прашања на интервју за работа, но некои се многу посензитивни од останатите.

Најчесто станува збор за прашања од личниот живот или ситуации од претходната работа, кои работодавачите ги поставуваат со цел да дознаат што повеќе за вас, за вашиот карактер и планови за во иднина, за да можат да предвидат колку можат „да сметаат“ на вас.

Вакви прашања и коментари од типот „Ако сакаш да работиш, работи, ако не има уште 10 такви како тебе на биро“ им дојде на наплата на македонските газди. Сега работниците ги избираат газдите, наместо газдите работниците поради недостаток на работна сила и масовен одлив на мозоци.