На пoвидок нов светски економски сојуз без Европа и САД: Бразил ќе ја спасува Русија економски

Свет

Бразил сака да купи што е можно повеќе дизел гориво од Москва, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Карлос Франка во Обединетите нации.

Франка ја окарактеризира Русија како стратешки партнер и нагласи дека неговата земја се соочува со недостиг на дизел гориво потребно за земјоделството и возачите.

Затоа баравме многу сигурни добавувачи на дизел, а Русија е една од нив, изјави министерот коментирајќи ја изјавата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро дека Бразил и Москва постигнале договор и оти руско дизел гориво ќе почне да пристигнува во следните 60 денови.

Болсонаро претходно им порача на своите приврзаници дека Бразил ќе го добие горивото „поевтино“.

Русија продолжува да тргува со целиот свет, нагласи Болсонаро.

Франка подвлече дека двете земји се партнери во групата БРИКС, а Бразил се потпира на Русија и Белорусија и за снабдување со ѓубрива.