Ништо од заедничка борба за права на геј заедницата: Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев се скара со Стево Пендаровски

Македонија

Бугарскиот европратеник Aндреј Ковачев на македонскиот претседател Стево Пендаровски му порача дека по прифаќањето на францускиот предлог за браќата Миладинови ќе мора да се каже дека се Бугари.

Тој ја коментира посетата на македонскиот претседател Стево Пендаровски на спомен куќата на македонските преродбеници Димитар и Константин Миладинови во нивната родна Струга.

Пендаровски напишал дека нивната просветителската дејност е вградена во нашата колективна меморија и е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Но, на ова реагира Ковачев. Вели дека за последен Пендаровски смее да пишува на овој начин.

Ова треба да биде последниот пост на Стево Пендаровски или на кој било друг официјален претставник на Северна Македонија да пишуваат на ваков начин.

Секако, за браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија.

 

Покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење и за бугарската култура, а пред сѐ нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана е бугарски, а самите се Бугари.

На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или за Гоце Делчев. Не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од Левицата и ДПМНЕ, оние од протестите кои деновиве се пенават на споменувањето на „Бугари’“, напиша Ковачев.