БОГОЈЕСКИ: Не може АЛБАНЦИ да одлучуваат за идентитетски прашања на МАКЕДОНЦИ

Изјави, Македонија

Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески даде свое мислење во врска со намерата премиерот Ковачевски и Владата да се сокријат зад одлука на Собранието и преку мнозинство пратеници од албанската заедница да го одобрат „рускиот предлог виа Франција“, како тој го нарекува.

Богојески мисли на Бадентеровото правило, кое иако се однесува на малцинските заедници, сепак правата кои важат за нив, секако важат за мнозинството. Не може малцинствата да имаат поголеми права од мнозинството, а тоа е апархејд. Уставот обезбедува рамноправност на сите, а со тоа и во практикување на ова правило.

Богојески на неговата фан страна го објави следното:

„СОГЛАСНО УСТАВ,

не може етнички Албанци да одлучуваат за идентитетски прашања на етнички Македонци, како што не може Македонци за Албанци!

Согласно тоа, одлуката за “рускиот предлог виа Франција” не може да биде донесена во Собрание без мнозинство гласови од пратениците – етнички Македонци!

Повикуваме на мобилизација на целокупната експертска јавност со цел воспоставување на владеење на правото и практикување на Уставот за сите поддеднакво!

СЕГА СИТЕ ЗАЕДНО ДА ЗАСТАНЕМЕ ЗАД ЕВРОПСКИТЕ И ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ВРЕДНОСТИ ЗА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАРОДИТЕ!

За ова не само што ви кажав, туку така и мора да биде!!!“ – напиша Богојески