Францускиот амбасадор смета дека народот не треба да се прашува за „франуцкиот предлог“ само официјалните претставници

Македонија

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер вели дека преговорите за постигнување на, како што нагласува, компромисниот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во Унијата морале да се водат во тајност за да бидат ефикасни.

Но, нагласува, темата била претставена и споделена во повеќе наврати во КОРЕПЕР, во Советот на амбасадори на земји членки, но и на Советот на министри и за тоа немало никакви забелешки.

Дали е штета тоа што беше така-да, но тоа не е невообичаено. Сметам дека не можеше да биде поинаку, бидејќи дипломатскиот принцип на преговарање наметнува оти доколку сакаме да бидеме ефикасни, треба да бидат вклучени многу мал број луѓе и генерално преговорите да се одвиваат во тајност – вели амбасадорот

 

Во врска со вчерашната изјава на претставници од невладиниот сектор од Чешка дека согласно информациите што ги добиле од нивното МНР, дека дури ни земји членки на ЕУ не биле информирани за деталите од преговорите, францускиот амбасадор вели дека тоа не е така и оти за официјални информации на оваа тема треба да се прашаат официјалните власти на земјата.