ТАЧЕ ОБАЧЕ и БУГАР ОСМАНИ: Македонскиот јазик само еднаш ќе биде еден од шесте бугарски дијалекти

Изјави, Македонија

Францускиот предлог ги содржи нашите барања, рече премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите, која се одржа после пресконференцијата во Владата.

Ковачевски рече дека овој предлог следува после петмесечни тешки преговори, во кои учествуваа и вицепремиерот Боки Мара и министерот за надворешни работи, Бугар Османи, а кои се одвиваа двонасочно, и со бугарската страна, но и со бранење на нашите позиции во Европскиот совет и Европската комисија.

Ковачевски се надева дека сите чинители во земјава ќе бидат на висината на задачата, и со ладни глави, одговорно и државнички, ќе дискутираат за предлогот. Владините коалициони партнери имале позитивни ставови за предлогот, но за него ќе одлучат партиите, вклучително и СДСМ, кој, како што рече премиерот, има 84 илјади членови. Многу јако!

Ковачевски не одговори директно на новинарското прашање „што е она најболно од францускиот предлог за македонската страна, која е таа најголема ‚кнедла’ што треба да се проголта, нагласувајќи дека тој не мора ништо да прифати, туку за прашањето ќе одлучат сите засегнати во државава.

„Потребен е широк консензус за носење на одлука, за тоа дали ќе тргнеме таму каде што сме се определиле уште 1990 година или ќе талкаме по Балканот и да се занимаваме со работи кои младите генерации не ги ни разбираат“, објасни Ковачевски.

Тој вели дека земјава доби еден предлог во кој се зачувани сите наши интереси, а особен јазикот, за што имаше многу шпекулации.

Јазикот останува чист, уверува премиерот.

Бугар Османи, министер за надворешни работи, ја раскажа историјата за тоа каков бил тврдиот бугарски став за јазикот, а нашата страна вложила огромни напори тоа сето машки да го прифати и вусност Бугар Осмнани го дообјасни Таче Обаче што сакал да каже за јазикот кој бил најголемиот проблем во преговорите, и најтешкото прашање.

„Ние не се трудевме да го смениме мислењето на Бугарија, туку да им објасниме на европските партнери дека тоа е неприфатливо. Во преговарачката рамка со ЕУ сега има формулација на македонскиот јазик, без никакви дополнувања. Сегашниот предлог предвидува дека кога ќе се усвои преговарачката рамка, единствено ќе има забелешка на бугарскиот претставник за македонскиот јазик, и таа забелешка ќе влезе во записникот“, нагласи министерот.

Таа забелешка на бугарскиот претставник ќе биде дека македонскиот јазик е еден од шесте дијалекти на бугарскиот, но од Владата тврдат дека тоа ќе биде само еднаш, значи таа ќе влезе само во записникот при усвојувањето на преговарачката рамка.

Според Османи, ова било најважното прашање што успеала да го издејствува македонската страна. Зини земјо, голтни ги!