МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ повикува на ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ за ЕУ без “ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ”

Политика

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ преку соопштение ги повика граѓаните на протест против францускиот предлог, денес (02.07.2022) во 19.00 пред Влада на Македонија, под мотото “МОЖЕМЕ ПОИНАКУ ВО ЕУ”!

македонски концепт

Соопштението го пренесуваме во целост:

ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ за ЕУ без “ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ”

1. Дали ги отвара пристапните преговори на Македонија со ЕУ? – НЕ!

2. Дали ги затвора проблемите на Македонија со Бугарија? – НЕ!

3. Дали е одржливо решение на долг рок? – НЕ!

4. Дали обезбедува влез на Македонија во ЕУ? – НЕ!

5. Дали е усогласен со “европските вредности” во кои ние длабоко веруваме? – НЕ!

Поради овие пет НЕ, “францускиот предлог” заслужува едно големо НЕ!

ДА за Македонија во ЕУ!

ДА за Македонија на Македонците!

ДА за македонско – бугарско пријателство!

ДА за отворени граници со сите соседи!

ДА за човекови права на сите граѓани!

Поради овие пет ДА, Македонски Концепт заслужено кажува едно големо ДА на сите протести, настани, дипломатски активности… за ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани граѓани, поддржувачи на Македонски Концепт за иднината на Македонија…

почитувачи на македонскиот Илинден, на Републиката, на граѓански Устав… домаќини, чесни луѓе, претприемачи, еснафи, плаќачи на данок…

кои сте за реална европска интеграција во ЕУ, за вистински европски вредности, за вистинско пријателство и отворени граници на Балкан, за отворени бизнис, културни и човечки врски со сите соседи…

сите вие кои сте ПРОГРЕСИВНИ и гледате напред кон 22ри век, а не сте заробени во 19ти век…

Ве повикуваме да излезете на ПРОТЕСТ денес (02.07.2022) во 19.00 пред Влада на Македонија, под мотото “МОЖЕМЕ ПОИНАКУ ВО ЕУ”!

#можемепоинаку