
ГАРГИ паднал на газ од величината на БОЈКО босот
Во јавноста повторно се појави Владо Бучковски, звани Гарги, со нова забавна епизода од која цела нација останува воодушевена што човек сме имале избрано за премиер и министер во земјава.
Бојко Борисов денеска демонстрираше лидерство и пријателство кон Македонија, смета поранешниот македонски премиер и поранешен специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, по повод одлуката на Борисов неговата партија во бугарското Собрание да даде зелено светло за францускиот предлог со кој никогаш нема да има почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
– Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас – изјавил Бучковски во изјава за проруската БГНЕС.
Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за НЕпочеток на преговори на Македонија со ЕУ.