ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: ФРАНЦУЗИТЕ открија малтретирани БУГАРИ во Битола

Македонија

Францускиот предлог за надминување на македонско – бугарскиот спор се фокусира пред се на малцинските права на Бугарите во Македонија, до степен да го условува почетокот на ефективните преговори со задоволување на сите желни на т.н. професионални Бугари во земјава преку донесување и спроведување на т.н. Акционен план за малцински права.

Замислете, Македонија е обвинувана од Бугарија за т.н. малцински права, земја која е императив за сите во Европа од земја која не почитува никакви права на другите етноси. Ова е повеќе од вулгарно, па макар било и од самата ЕУ, која може вода да и носи на Македонија во тој поглед.

Во таа насока, со цел да има локига во „француската потрага“ по малтретирани професионални Бугари низ Македонија, дојдовме до заклучок дека истите ги има највеќе во Битола. Двајца од нив се прекумерно малтретирани од Македонските власти, за што посебно се загрижи и самиот бугарски премиер Кирил Петков.

Првиот е Љупчо Георгиевски – Ќебапо, претседател на т.н. некултурен клуб Иван Михајлов во Битола, кој е малтретиран од Македонија со тоа што на сила е вработен во РЕК Битола, со огромни месечни примања од македонски Буџет, а тој истото не го сакал. Значи намерно, на сила сме го вработиле, да може да си ја издржава фамијата и да има добар живот во Македонија, а тој тоа не го сакал, што е доказ дека во земјава се малтретираат Бугарите.

Вториот е добропознатиот политичар Димитар Црномаров, некогашен потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, кој на сила го поставувале на функции, а тој не сакал да ги има. До тој степен бил дискриминиран како Бугарин, што долги години на сила бил поставен началник на Полицијата / МВР во Битола, земал највисока плата во земјава, а во меѓувреме под присила си ја вработил цела фамилија на „државно“. Ова е најголем доказ за сериозноста на состојбата со дискриминација на професионалните Бугари во земјава.

Ова е доказ дека Франција е сосема во право кога зборува за дискриминација на професионалните Бугари од Македонија, на кои на сила им се даваат најдобрите работни места за нив и нивните семејства, највисоките плати во земјава, политички и државни позиции и сл.

Арам за Македонија што тоа го прави!