ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Мијалков на слобода, во пазар францускиот предлог?

Политика, Хроника

МКДенес од извори во ОЈО, дознава дека се подготвува нова спогодба помеѓу Обвинителството и обвинетиот Сашо Мијалков, со која тој ќе биде ослободен од главните обвиненија за случајот Империја. Не се прецизира дали во спогодбата се и останатите случаи против него, како што е обвинението за прислушувањето.

Спогодбата била веќе на маса за потпис пред обвинителката за организиран криминал госпоѓа Вилма Русковска и републичкиот обвинител господин Љубомир Јовески.

Спогодбата предвидува признавање на делата од страна на обвинетиот Сашо Мијалков, враќање на незаконски стекнат имот во вредност од 25 милиони евра, во кој не влегува хотелот Мериот и осуда од три години затвор, за кои веќе Мијалков ги одлежа во притвор.

Господин Мијалков веќе обезбедил лична карта во Гевгелија, па останатиот период за издржување на затворска казна ќе биде во затвор во регионот Гевгелија – Струмица, со можност да излегува на викенди за добро поведение.

Не е јасен мотивот поради кој на Мијалков, како лице од црната листа на САД му се овозможува оваа спогодба. Информациите говорат дека станува збор за политички договор во врска со францускиот предлог за симнување на бугарското вето.

Имено по примерот на овозможеното бегство на Груевски, како резултат на обезбедена поддршка во Собрание за Преспанскиот Договор, сега на Мијалков ќе му се овозможи ослободување од обвиненија и долги години во затвор со цел поддршка на ВМРО ДПМНЕ за францускиот предлог за внесување на Бугари во Уставот на Македонија.

Според тие информации од ОЈО, Мицкоски пред странски дипломати веќе ветил поддршка за промена на Уставот на Македонија со цел влез на Бугари во истиот, но не е прецизирано дали таа поддршка е условена со ослободување на Сашо Мијалков.

Во текот на следните денови МКДенес ќе ги провери информациите од партиски извори, за што навреме ќе информираме пред јавноста.