ПОЕНТА НА ДЕНОТ за македонската трпеза

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Не е битно кој со кого беседи, кој од нас каде оди, битно е на македонската трпеза да носи.

Некои политичари биле со Америка, други со Русија.

Некои владици биле со Србија, други со Грција.

Некои бизнисмени биле со Турција, други со Кина.

Браво за сите нив, нека бидат успешни, но најважно е сите до еден и како еден на македонската трпеза да носат, а не од неа да изнесуваат!

Природно е секој да носи за дома, неприродно е македонското поведение низ вековите да изнесува и разнесува од дома.

Ако сите носиме на македонската трпеза, како пчелите во својата кошница, сите поубаво ќе живееме!

Ајде да се фатиме за работа!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!