РАСКОЛ во СДСМ: Шеќеринска менува дрес!

Изјави, Македонија, Политика

Долго време во јавноста се шпекулира околу расколот во СДСМ. Особено се актуелизираше тоа прашање по последниот Конгрес на СДСМ. На тој Конгрес беше збришена од СДСМ заменичката на Заев, Радмила Шеќеринска.

Таа беше до тој степен понижена, што беше заменета со директорката на УЈП, Лукаревска за која Шеќеринска има исклучително лош став.

Извори од СДСМ информираат дека Шеќеринска посебно се чувствувала навредена поради замената, а не поради смената. За себе имала превисоко мислење и не можела да прифати да биде заменета со личност која не доаѓа изворно од СДСМ.

На средби со нејзините блиски луѓе, таа информирала дека за ова Заев скапо ќе плати. Дека е изневерена, предадена и особено имала забелешка на опстојувањето на Филипче на позицијата, која она му ја поклонила.

„Сето тоа ја прелеа чашата, Радмила ќе им помогне на бранковистите!“ – изјавува анонимен член на претседателството на СДСМ.

На неа ќе и се приклучел и неодамна избрканиот од СДСМ директор на инспекторатот Пауновски.

Шеќеринска со цела скопска екипа ќе преминува во тимот на Бранко, информираат активисти од СДСМ Скопје. 

Колку е тоа возможно, ако се знае дека токму Шеќеринска беше виновникот за исклучување на Бранко од СДСМ.

Дали е можно некогашните први соработници, а денес разделени, повторно да бидат заедно? Информациите се дека за кратко ќе се дознае вистината. Бранко сметал дека истекува времето на Рада!