ВМРО-ДПМНЕ: НЕПИСМЕНОСТА НА СДСМ им излезе на површина!

Македонија, Политика

СДСМ толку се изнервираа од фактите, што и неписменоста им излезе на површина.

Стотици илјадници евра може е жаргон што го користи Зоран Заев, кој не знае кој јазик го зборува, но ги владее сумите кога зема 1.4 милиони евра од државата.

Дали Заев им ги пишува соопштенијата во СДСМ или можеби Вице, зошто кога се спомнува РЕК Битола и камиони, некои луѓе од Струмица добиваат анксиозност и паника.

Сепак стравот во СДСМ е оправдан. Наскоро доаѓа до промена на власта, и одговорност за криминалот и за уништувањето на енергетскиот сектор. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.