СПЕКТАКУЛАРНО: СКОПЈЕ ГОРЕШЕ ОД ХРОМ ДО НОВО ЛИСИЧЕ

СКОПЈЕ, Спорт

Навивачката група Комити со спектакуларно пиротехничко шоу, со околу 1.000 факели кои гореа од мостот во населбата Хром па се до Ново Лисиче прославија 35 години од формирањето, како и 75 години од постоењето на ФК Вардар и освојувањето на првата ракометна европска титула.

Навивачката група е формирана на 4 јуни 1987 година и оттогаш е неизоставен дел на сите натпревари на Вардар во сите спортови.

https://www.facebook.com/KomitiZapad87/posts/5151506794903564

– Улиците се наши, градот е наш. Од Лисиче до Ѓорче, срцата чукаат за Вардар, како што речиси илјада факели го осветлија кејот, за 35 години од формирањето на скопската и македонска АВАНГАРДА – КОМИТИ ЗАПАД! Забавата продолжува пред Јане Сандански…“ – објавија „Комити“.

Главната прослава се одржа пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде Комитите повторно приредија пиротехничко шоу.