
СТЕВО му објави ВОЈНА на МИЦКОСКИ
Стево Јакимовски од ГРОМ, дел од Коалицијата за Подобра Македонија на ВМРО ДПМНЕ влегоа во отворен вербален конфликт со Христијан Мицковски.
Не ја разбирам вознемиреноста на советничката група на ВМРО ДПМНЕ која денеска преку прес конференција ми се обрати со барање за укинување на маркица за градење на 28 катница.
Имено, јас уште синоќа јавно кажав дека таква висококатница нема да се гради и дека никогаш нема да ставам потпис на таков објект.
Се прашувам на што се должи паниката кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ми се обраќаат преку медиуми, а не директно како и до сега? Дали го препознаа нивниот лидер во мојата изјава, или станува збор за некои други причини во кои има скриени бизнис интереси?
За да ги смирам советниците, но и јавноста, уште еднаш јавно сакам да потврдам дека на посочената локација нема да се гради таков објект во таков габарит и тоа е мој став кој немам намера да го менувам.