ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Македонецот се освестил

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Легендата вели дека во далечниот 21-ви Век, во далечната 2022 година Македонецот конечно се освестил!

После долги векови самоубивање помеѓу себе, душман сам на себе и на своите околу себе… Македонецот доживеал просветление по молитвите на Св. Некој и застанал сам на свои нозе!

Македонецот се исправил и конечно дознал дека постои и негов македонски национален интерес!

Македонецот дознал дека е срамота да служи на туѓи, срамни интереси!

Македонецот дознал кој е, што е и што сака!

Македонецот од Македонија дознал дека е свој на своето во своја земја и на свое огниште, па решил да го распламти огнот на нацијата!

Македонецот конечно се засрамил дека се продава за ситно на душманите, но не ја дигнал цената, туку престанал да се продава!

Македонецот конечно дознал дека нема добри или лоши туѓи интерси, туку дека сите подеднакво се само туѓи, а не негови!

Македонецот одлучил на своите деца да им остави чест и образ, пример за иднината!

Македонецот од тогаш, од таа далечна 2022 година до денес изгради национална самодоверба, самопотврденост!

Македонецот од тогаш до денес премина во офанзивна позиција и изгради нација и држава за пример на останатите!

Македонецот од тогаш стави рака врз Македонија!

Македонецот од тогаш ја управува Македонија по свое видување, желба и интерес!

Македонецот од тогаш е Македонија!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!