НОВО ПРЕДАВСТВО: Тупанчевски загрижен за ТЕРОРИСТИТЕ, дали ќе ги ослободува?

АНАЛИЗА

Ќе биде реагирано доколку се утврди дека осудените за настаните во Диво Насеље кои штрајкуваат со глад, не ги добиваат правата што им следуваат со закон, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчевски. Коментирајќи го овој случај министерот Тупанчевски, нагласи дека тие внимателно ги разгледуваат нивните барања.

Токму така, не прочитавте погрешно. Министерот за неправда и платени патувања, е сериозно загрижен за правата на терористите кои убија македонски полицајци во Куманово, особено дали се солидно и квалитетно најадени. Ќе казнувал вработени и одговорни во затворите, ако терористите биле нешто незадоволни.

– Директорот втор пат стапи во контакт со осудените лица и мислам дека работите се одвиваат во позитивна насока, да ги добијат сите права и погодности кои им следуваат по закон. Како на пример да имаат телефони и телевизори, интернет, таблети, да се сликаат манекените за социјални мрежи и да позираат со нивните национал шовинистичко терористички пораки, млеко од пиле за јадење, редовно бело за добро расположение… што остана да им овозможи друго Тупанчевски на овие убијци, додека полицајците гнијат во земја, а нивните деца растат без родители?

Не сакаме да имаме селективен пристап и не сакаме да правиме парабола со некои други осудени лица. Секое осудено лице преставува „приказна за себе” треба да се има индивидуален пристап, доколку се утврди дека не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано – рече Тупачевски и остана жив. Продадени за власт, без грам морал и достоинство!

Воедно, тој наведе дека заради природата на кривичното дело се работи за комплексна проблематика, и дека се во постојана комуникација и со други институции кои прават проверка од безбедносен карактер, особено со Косово, од каде мора да слушаат наредби, зашто им отиде фотељата во јабана.

– Во таа смисла Управата за извршување на санкции ги носи соодветните одлуки кои што ги добива како резултат на координирана соработка со други институции – рече Тупачевски и потврди дека официјално е поднесено барање од косовските власти за ектрадиција на дел од осудениците. Уште тоа да го видиме и да си купиме самите јаже да бесење, да не чекаме друг да ни даде.

– Министерството за правда постапува, не е донесена одлука во таа насока, се работи за процес, правна ситуација каде треба да бидат анализирани повеќе фактори и Министерството за правда да ја донесе адекватната одлука – изјави Тупачевски.

Дали тоа значи дека Владата вредно работи на уште едно национално предавство на македонската чест и достоинство, која секако ја немаат функционерите од власта? Освен гол интерес за власт, друго и не знаат овие сегашни кадри на СДСМ.