
СТРАХОТНО: БУЧКО ја откри Америка за бугарските лудории
Во неславен обид осудуваниот за криминал Владо Бучковски да промовира некаков си Клуб на пријателство помеѓу Бугарија и Македонија, наводно со мрежа на видни интелектуалци од двете земји, како Љубчо Георгиевски на пример, Бучковски открива дека Бугарија не била подготвена за компромис со Македонија.
Се обидуваме со граѓански ангажман да се спротивставиме на говорот на омраза на оние кои го искористија моментот на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“. Оваа влада на Петков е на стаклени нозе. Мојата улога, пак, е поврзана со граѓанскиот сектор оти сметам дека напорите на политичарите не се доволни, вели Бучковски за Утрински брифинг.
Бучковски откако побара „привилегирана позиција“ за да поминат бугарските барања во Македонија и откако беше откриен за истото, па после известување на јавноста, Владата на СДСМ беше приморана да го симне од позицијата преговарач, сега Бучко се надева дека повторно може да дојде до колачот кој го сонува преку НВО сектор. Празни соништа!
Тој сега се сетил дека поголема е нервозата во Софија отколку во Скопје, а политиката на ВМРО-ДПМНЕ е константна. Сметам дека треба да побараме и ние гаранции за заштита на идентитетот и ова да премине во надградба на договорот за пријателство, вели Бучковски, кој ја отрки Америка во бугарскиот океан, па започна да се одвара на истата опозиција која ја обвинуваше за ширење на говор на омраза.
Владата на Петков која најави дека ќе работи за иднината, а не за минатото предизвика нервоза во Бугарија. Тој беше изложен на напади и од националистите во Бугарија, но со право ги загуби и симпатиите во Македонија. Ние бараме точки што можат да нѐ поврзат. Двете земји се охрабрени од ЕУ дека сега е моментот да се постигне договор, но како да се нема расположение. Османи рече дека како да се затвора прозорецот, но не треба така, мора да се работи на приближување, вели Бучковски.
Притоа Бучко не се воздржа да му се понуди и на Османи и на ДУИ. Не е битно кој, битно е нешто да му се даде!
За можноста Русија да го искористи овој момент, Бучковски вели дека таа секако ќе го искористи и го користи, оти прашањето не е само меѓу Бугарија и Македонија, туку се однесува и на ЕУ.
Односите помеѓу двете влади се на потребното ниво, но не можат да го имаат потребниот ефект кога во Бугарија има министер за надворешни работи која го обвинува Петков дека води издвоена агенда од онаа на владата. Бугарското општество сѐ уште не е подготвено да поддржи кревање на блокадата, вели Бучковски. Со ова веќе Бучко стана Америко Веспучи и Васко Де Гама во едно! Сега се очекува уште да објави дека станал и Колумбо, три во едно.
Тој се пофали дека иако до сега се е пропаднато од тоа што правел, сепак од ново оваа мрежа на смешни Клубови ќе покажела дека може да има дебата дури и кога има спротивставени ставови, вели Бучковски и дополнително се избрукаа со најавата на злоставениот професор Стефан Дечев дека ќе формирале историска комисија во сенка, која на научно ниво ќе дебатирала.
Прашањата на личности и настани кои нѐ поврзуваат се најспорните точки кои го одржуваат меѓусебниот конфликт замрзнат и тоа требаше да се очекува уште на почетокот. Ветото направи мечкина услуга на Бугарија која со ова го загуби лидерството со зголемувањето на говорот на омраза, вели Бучковски кој додава дека преговорите што се водат меѓу двете влади треба да бидат потранспарентни.
Со други зборови, откако беше жив фатен и исклучен од сите официјални процеси, сега Бучко бара транспарентност, за која не сакаше да слушне додека се пазареше со Македонија за свој интерес.