ДОБРО УТРО со АМАТЕРКАТА И ДВОГЛАВАТА ВЛАДА

Добро утро

ДВОГЛАВАТА ВЛАДА  ЈА  ДОКУСУРУВА  МАКЕДОНИЈА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Лицемерието и политичката проституција на владејачкиот СДСМ со нивниот партнер ДУИ дојдоа до почетокот на крајот на докусурување на граѓаните на Македонија. Нема назад. Штетите врз граѓаните и државата се огромни, долготрајни, а поголем дел од нив непоправливи. Крајот го оставија за Таче. Оној кој со должна почит со наклон до земја го превзеде кормилото од Зоки Заев. А дали бил свесен за каква задача го „регрутираат“ не се знае, но веќе е јасно дека е избран за да го „изгаси светлото“ во СДСМ и двоглавата Влада.

Од заевиот „живот за сите“ на Таче му остана задача да изразува „сочувство“ и жалење за пакосот што претходно го направија во здравството, образованието и  дефектите во целиот државен систем кој го „инфицираа“ со некадарници и аматери. Нема назад за изгубените човечки животи од неспособноста да се изменаџира ковид кризата, ниту надополнување на изгубените години на децата заради лошиот менаџмент во образованието. Филипче, Мила и Заев се сокрија свесни за стореното но го оставија Таче да го држи „кормилото“ на двоглавата влада по секоја цена.

Но трагедиите не завршија тука. Си дочекавме и енергетска криза која пак по коалициски договор ја „решаваат“ партнерите од ДУИ кои освен набавките на косовски јаглен и  развивање на бизнисот со копање на криптовсалути  не се баш нешто „загреани“ да ја решаваат во корист на граѓаните. Тука е и економската криза  која  од денес граѓаните највеќе ќе ја почувствуваат. Двоглавата влада не ја стави ни под точка разно на вчерашната седница. Очигледно нема заинтересиран што ќе се занимава со оваа криза.

Но, наместо тоа вчера Таче не пропушти преку видео обраќање да се обрати на конференција „Справување со дезинформации“ каде, помеѓу другото истакна дека Владата  останува партнер и активен   во  битката во справување со дезинформациите. Се е тоа во ред, но  дали е свесен Таче како се справува Владата со информациите ?! Многу едноставно. Оливер повикува на информативен разговор новинари за да НЕ објават некоја вест која секако не е дезинформација туку само би  им наштетила на двоглавата влада.

Министрите отвараат дисциплински постапки за објавени статуси по социјални мрежи, а некадарните директорчиња по институциите вршат секојдневено мобинг врз вработените за кои имаат сознание дека се неистомисленици со полтиките на сегашниве. Командант Таљат пратениците ги заклучува во сала. Влакно не им фали само  на „партнерите“ од ДУИ. За нив не важат нит правила ниту прописи. Мобингот е строго насочен кон македонците. Можеби и тоа е дел од коалициониот договор на двоглавата влада, не се знае.

Епа Таче ако беше за арно, доста е! Со оглед на тоа што си ти избраниот, редно е да се извиниш во името на сите твои партиски претходници и да го изгасиш светлото, зошто како што сте тргнале и самото ќе се изгаси! До сега манипулиравте, се снаоѓавте некако и издржавте. Ама гладен народ ти е нож со две острини!  Се надевате дека полесно ќе го владеете е „ мало сутра“ ! Имајте на ум дека таков народ кој нема што да изгуби е спремен на се!