ТРАГЕДИЈА ЗА УКРАИНА: Ја втурнаа во војна, а сега да отстапела територии

Свет

Американскиот „шеф“ на сите дипломатии Хенри Кисинџер на самитот во Давос даде скандалозна и тажна изјава, со што предизвика огромен револт кај сите поддржувачи на Украина низ светот.

Имено тој смета дека Украина треба сама да ја плати сметката од војната со Русија, во име на цел свет, зашто ако не се потпише мировен договор со Путин за два месеци, војната ќе се прошири во цела Европа. Па сега Украина треба да отстапи свои територии на Путин, за тој да биде задоволен и да прифати помирување.

Тој замина до таму да бара од западот да и наложи на Украина прифаќање на пораз и откажување од свои територии спротивно на меѓународно право и спротивно на било која етика.

Неговите глупости беа веднаш отфрлени од Украина, кои сметаат дека Украина има право да си го зачува својот територијален интегритет, а западот инсистира на тоа само за да си ги наполни своите џебови.

Укранците налутено реагираат дека Западот едвај чека да го обнови бизнисот со Русија само од егоистички причини, а тие сметаат дека Путин мора да биде поразен и за тоа и требаат на Украина, пари и оружје, а ембарго за Русија.

Кисинџер дури и понуди нови градици, каде Донецк и Лугањск би се вратиле во Украина, а Крим трајно да стане руска територија, меѓународно призната. На тој начин Украина ќе ја плати сметката и за Косово, а Русија ќе признае независнот на таа српска провинција.

Според Кисинџер ако продолжи војната, тоа нема да биде борба за слобода на Украина туку војна против самата Русија. Според Кисинџер евентулниот пораз на Русија ќе значи навреда за неа и тоа ќе донесе уште поголема војна. Со тоа, за да му се исполни суетата на Путин, треба да плати Украина и никој друг.

Кисинџер смета дека Русија е нераскинлив дел од Европа веќе 400 години и гарант за рамнотежа на силите, па со тоа европските лидери не треба исклучуваат долгорочна соработка со неа. Тој смета дека не треба да се турка Москва во сојуз со Пекинг.

Значи сепак жална Украина сама ќе ја плати војната во која без причина беше втрурната и во која се разруши целата земја.