ЗАБЕГАНО: ТАЧЕ во филм, ќе „беси“ новинари

Политика

Нема крај на скандалите на хибридниот режим од СДСМ, кој покрај опозициски активисти, прогонува и новинари кои не се по вкус на власта. После скандалот со новинарката од Сакам да кажам, сега има нов скандал со уредничката на вестите на ТВ Телма.

Штом Таче, лидерот на СДСМ бил толку близок измеќар на Гоца МВРО и директор на Телеком од Бате Саше, сосема очекувано е вакво поведение. На сликата е Таче со екипата од МВРО на журка на ВМРО Груева. Па сега вие сами судете што може да очекуваме од овој човек.

Имено, полициски службеници во два наврати на лична адреса ја барале уредничката на Телма, Весна Јовановска Дојчиновска, по наредба на обвинител, за да учествува во распит за информација која воопшто не е објавена на ТВ Телма и на дигиталните сервиси на телевизијата.

По вторпат, член на семејството на новинарката ја примил поканата за распит кој се однесува на кривична постапка во која се опфатени други луѓе, а ниту обвинителството ниту полицијата не провериле дали спорната содржина е објавена на Телма.

Покрај тоа, ТВ Телма во допис го има известено надлежниот инспектор на СВР Скопје кој работи по наредба на обвинител на ОЈО-Скопје, дека на спорниот датум (28.02.2022.)  воопшто нема таква содржина објавена во вестите коишто ги уредувала Дојчиновска-Јовановска.

Станува збор за кривична пријава за дело „Предизвкување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна и друга дискриманторска основа“ од член 319 од Кривичниот законик, која Марјан Арсовски ја има поднесено против Љубомир Фрчковски.

По пријавата, обвинителот на предметот, повикувајќи се на пријавителот дека спорната содржина е објавена на Телма (што воопшто не е точно) издал наредба до МВР да се испитаат кривичните наводи, да се обезбедат снимки од вестите на 28.02.2022. во 15:30 и во 18:30.

Телевизија Телма по добивање на барањето на почетокот на мај веднаш одговори на припадникот на МВР задолжен за предистражната постапка дека не постои и нема таква информација објавени на вестите на Телма на посочениот датум.

Во наредбата на обвинителот е наведено и дека треба „да се утврди кој бил уредник на вестите во 15:30 и 18:30 часот на ден 28.02.2022., а потоа со истиот да се обави службен разговор на околности во врска со поднесената пријава“.

Иако е испратен прецизен одговор дека не постои таква информација во објавите на ТВ Телма (доставено е и ЦД со снимките на вестите); и полицискиот службеник и обвинителот продолжиле да бараат нешто што не постои односно откако ги дознале податоците за уредничката во конкретниот ден и за нејзината адреса, испратиле покана преку полициски службеници кои во два наврати во неделата и понеделникот биле на адресата и ја барале Јовановска-Дојчиновска (која во еден од тие термини беше на работното место и беше уредник на викенд вестите на ТВ Телма).

Претставници на Телма, меѓу кои и повиканата на распит како лице кое може да пружи информации во кривична истрага, ги контактираа претставници на обвинителството и на полицијата поради начинот на повикување на новинари на распит за истраги кои се однесуваат на нешто што е објавено односно за нешто што воопшто не е објавено на Телма, а на некој начин е опфатено со конкретна постапка.

Од МВР првично соопштија дека ќе ја повлечат постапката за предавање на покана за распит, но полицајците веќе наредниот ден повторно ѕвонеа на вратата на адреса на новинарката кога член на семејството ја зел поканата. Од друга страна, скопското обвинителство тврди дека во постапка не е потребно присуство на уредничката Јовановска-Дојчиновска и дека таква обвинителска наредба ќе биде повлечена.

За случајот, ТВ Телма ги информираше и новинарските претставници од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

ТВ Телма се надева дека конечно обвинителството и полицијата ќе воспостават систем за соодветно третирање и соработка со новинари и медиумски работници особено кога се однесува на содржини објавени како медиумски производ без униформирано полициско делење на покани за распити во предистраги и истраги. Особено што во конкретниот случај, претходно е одговорено на барањето на надлежниот обвинител и полицискиот инспектор, дека она што го бараат и што го пријавил пријавителот воопшто го нема и не е објавено на ТВ Телма.