ТАЖНА СРАМОТА во БУГАРИЈА: Измислија мошти на Св. Кирил и Методиј

РЕЛИГИЈА

Бугарија е подложена на целосен потсмев пред целокупниот словенски, но и православен свет, не само што денот на Светите Браќа го прогласија за Ден на бугарска писменост, туку сега објавија невиден срам, ги имале нивните мошти.

Чешка и Словачка, но и Русија со години прават шеги на бугарска сметка, која Денот на Св. Кирил и Методиј го прогласија за ден на бугарската писменост, а Кирил и Методиј создале глаголица која никогаш не била користена во Бугарија, а Бугарите останале неписмени.

До тој степен бил силен судирот помеѓу Светите Браќа и бугарскиот двор на Хановите пагани, што тие одбивале било каква употреба на глаголицата во Бугарија. Вакви смешници како Бугарите нема на планета земја.

Сега Бугарите решиле да одат понатаму и ако веќе се избрукале, да се добрукаат до крај!

Најново одлучиле да лажат народ, а тоа можат само слепи Бугари дека од 23 до 25 мај 2022 година со благослов на Неговата Светост Митрополитот Софиски и Бугарски Патријарх Неофит и Светиот Синод на Бугарската Православна Црква – Бугарската Патријаршија, со дозвола на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Светиот Кинотис на Света Гора Атон, во Софија ќе пристигнат и ќе бидат изложени на сенародно поклонение, светите мошти на рамноапостолските браќа Кирил и Методиј!

Замислете која мизерија, кој срам, кое понижување на Светите Браќа. Во услови на меѓународно призната наука и јасни тврдења дека до денес сеуште не е утврдено каде е гробот на Св. Методиј, Бугарите веќе ги имаат и неговите мошти. Кој очај и обид да се понижат и присвијат историски настани и личности кои немаат врска со Бугарија.

Дополнително Бугарите тврдат дека ќе ги покажеле моштите и на Светиот Константин Филозов или Св. Кирил чии моштите се во Рим во катедралата Сан Клементе. Гробот никогаш не е отворен и секогаш е под заштита на Светата Столица на Ватикан, а Бугарската фалсификаторска Црква тврди дека веќе ги имаат моштите да ги покажуваат во Софија.

За да биде лагата поголема и за да некој навистина им поверува дека во Бугарија ќе се поклонуваат пред „моштите„ на Св. Кирил и Методиј, тие лиферуваат лажни вести дека Светите мошти на „бугарските просветители“ Методиј и Кирил во Бугарија ќе ги донесе Неговата Екселенција архимандрит Вартоломеј, игумен на светогорскиот манастир Есфигмен.

Не само што бугарските медиуми Светите браќа ги наведуваат како „бугарски просветители“, а тие биле најголемите непријатели на Бугарија на сите времиња, туку лажно известуваат дека моштите на Св. Кирил и Методиј се чуваат во Светиот манастир Есфигмен, во седиштето на манастирот – главниот град на монашката република Кареја.

Нема поголем срам од тоа да си играш со покојни луѓе, особено со Свети личности како Светите Браќа Кирил и Методиј.

Ова тврдење на Бугарите е повеќе од смешно, особено што Грција до пред 20-30 години, а исто и на Света Гора немаа молитвен однос кон Св. Кирил и Методиј сметајќи ги за луѓе што им ја предале мегали каузата за грчко владеење макар и јазично. Но ете само Бугарите успешно пронајдоа мошти кои се чувале во Есфигмен. Срам и беда за една Црква, па макар и бугарска.

БПЦ забегале до таму, што веќе јавно го известиле бугарскиот народ за поклонение на моштите на Св. Кирил и Методиј, па направиле и програма за пречек, поклонение, богослужба во прослава на светите рамноапостоли и испраќањето на светите мошти.

Срамотните свештеници ќе правеле пречек на светите мошти на крстосницата на бул.„Христо Ботев“ и бул.Александар Стамболијски, а потоа ќе ги изложеле во Митрополитскиот соборен храм „Света Недела“, па и ќе правеле молитва пред светите мошти кои не постојат.

До тој степен го лажат и манипулираат бугарскиот народ што му кажуваат дека ќе имало Сенародно поклонение пред светите мошти, па и Свечена архиерејска вечерна молитва со пет леба во спомен на светите рамноапостолски браќа Методиј и Кирил и како јаготка на шлагот на таа шарена лага за Сенародното поклонение ако било потребно, храмот ќе бил отворен цела ноќ.

Жално за Бугарите кои не знаат за своето потекло, за својот идентитет, а сега до тој степен ги потценуваат и понижуваат што им кажуваат неверојатни глупости на кои се смее цел свет.

One thought on “ТАЖНА СРАМОТА во БУГАРИЈА: Измислија мошти на Св. Кирил и Методиј

Comments are closed.