(Видео) ЉУБЧО ВОЈВОДА ја погреши терапијата, тресна што ЗАЕВ се пазарел со Бугарија

Изјави

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, кој деновиве беше спречен во обидот да одржи предавање во Софија, гостуваше во онлајн емисија со бугарскиот новинар Асен Генов.

Притоа, Љубчо Војвода налутен за бркањето на клоци од Воениот Клуб на КГБ во Софија, ги прекори Бугарите, велејќи им дека го пропуштиле Заев радодајката, кој во стилот на продавање на лубеници во Врање, бил подготвен да продаде, да тргува, да се откаже од шест клучни личности и бил подготвен да ги прогласи за етнички Бугари, заеднички херои на Македонија и Бугарија, но тоа сепак не и било доволно на Софија и сепак ни ставила вето.

Замислете Заев трампал историски херои за бугарско ДА за почеток на преговори, тоа го правел на таен начин како да шверцува марихуана од Струмица, а Љубчо Војвода ја погреши терапијата и јавно на ТВ тоа го соопшти. Кој не е луд, ќе полуди! Кој е луд ќе куртули од овие лудаци кои 30 години ја водат оваа земја!

Пред ветото, јас сакав да споделам една мисла со бугарските историчари, но за жал не ме разбраа. Тоа е дека, ако Македонија е согласна да каже дека петте личности се дел од општата историја, а тоа се однесува на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самоил, и имаше уште еден, шести момент, од македонска страна, и претседателот, и премиерот и претседателот на историската комисија спремни беа да кажат дека Гоце Делчев го прифаќаат за заедничка, општа личност на македонската и блгарската историја.

Е сега, тоа се шест личности за кои македонската страна пред ветото беше спремна да каже дека се општи личности на двете истории. Јас не знам како членовите на блгарската комисија не можеа да разберат дека ако тоа се објави јавно, тоа ќе биде почеток на еден долг процес за кој нема запирање после – изјавува Георгиевски.

Со други зборови Љубчо Војвода сака да ни каже дека откако ќе кажеле дека шесте клучни ликови од македонската историја се всушност Бугари, тоа ќе било почеток на ребугаризација на Македонците, нешто кое немало да запре додека не станеме сите Бугари, а Љубчо и Зајко ќе беа први фетфебели!

Понатаму Георгиевски се чуди како Бугарите не разбрале дека на тацна им ја даваат Македонија.

И не знам што очекуваа тие да се направи за да они кажат дека ок, процесот е добар. Јас навистина мислам дека да се каже дека тие шест личности се дел од општата историја е точно како да направите револуција во мислата на обичниот Македонец, но и на тие што професионално се занимаваат со историја во Македонија.

Мислам дека тоа не беше разбрано од блгарската и политика и историја и наместо нештата во тој момент да тргнат во позитивен процес, тие повторно тргнаа на лошо за жал.., изјави Георгиевски.