
ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Ова е резултатот од диктатурата на Путин
Речиси четири милиони Руси ја напуштиле земјата во првите три месеци од 2022 година, според официјалната статистика објавена од Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува „Гардијан“.
Исто толкав е бројот на иселени Украинци, каде има реална војна, а во Русија само поради диктатурата на Путин има масовно иселување, кое го потврдува неговата лична приватизирана ФСБ.
Според овие податоци, во периодот од јануари до март годинава отпатувале вкупно 3.880.679 руски државјани, а не е познато колку од нив оттогаш се вратиле во татковината, пишува британскиот весник.
Бројот пристигнувања на Русите во поранешните советски републики значително се зголеми по руската инвазија на Украина на 24 февруари, а на оние кои ја напуштија земјата за да се спротивстават на војната им се придружија и други поради страв од гласините за затворање на границите, вонредна состојба и масовна мобилизација.