ЉУБЧО Војвода избркан на клоци од БУГАРИЈА

Балкан

Новиот Клуб за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија се обиде да организира предавања на Љубчо Георгиевски во рускиот воен центар, наречен Централен воен клуб во Софија.

Но тоа било забрането во „европската“ Бугарија, бидејќи настанот бил македонистички, а такви биле забранети од времето на болшевизмот на СССР до денес.

Поддржувачи и симпатизери на ВМРО-БНД и други граѓански организации не дозволија да се одржи предавањето на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство (КБМП), за кој велат дека е македонистички настан, јавува руската агентура од БГНЕС.

Предавањето требаше да се одржи во Централниот воен клуб. Како говорници беа најавени поранешниот премиер на РМ Љубчо Георгиевски и доц.д-р Стефан Дечев, кои се основачи на КБМП.

Поддржувачите на ВМРО-БНД, предводени од еден од тројцата копретседавачи на партијата малиот Ангелче Џамбазки, решија да присуствуваат на предавањето на тема „Бугарско-македонските односи 2017-2022 година – проблеми, достигнувања, неуспеси и перспективи“.

Тие влегоа во Централниот воен клуб, и покрај обидите на организаторите кои одбија да ги примат, иако предавањето беше отворено и за истото беа испратени соопштенија до медиумите и граѓаните.

Интересот на граѓаните за предавањето беше толку голем, што ако не беа протестирачите од ВМРО на Каракачанов, веројатно Љубчо ќе требаше сам на себе да си држи лекции. Буквално ниту еден граѓанин на Бугарија не покажал интерес да присуствува и да го слуша беседењето на Бубе Војвода.

Поддржувачите на ВМРО, меѓу кои и многу од најистакнатите личности на партијата, мирно седеа чекајќи да започне предавањето, кое беше закажано за 17 часот. Еден од организаторите излезе на говорницата и најави дека истото нема да се одржи. По 15-тина минути сите излегоа на влезот каде што имаше размена на реплики меѓу Ангелче Џамбазки и Дечев.

Европратеникот Ангелче Џамбазки не успеа да добие смислен одговор од Дечев, кој е визитинг професор во скопски институт, зошто предавањето не се одржа и дали има нешто што организаторите сакале да сокријат од бугарското општество бидејќи не сакале да го објават тоа јавно, иако настанот е прогласен за таков.

Во истото време, Дечев рече дека ја постигнале целта бидејќи Љубчо Георгиевски дал пет интервјуа.

Џамбаски праша дали Дечев знае дека во РСМ сè уште се прогонуваат македонски државјани со бугарски идентитет и дали смета дека тоа е нормална европска практика, бидејќи РСМ продолжува да ги крши копенхашките критериуми, на што исто така не доби одговор.

Од самиот Централен воен клуб исто така одбија да ги пуштат организаторите на предавањето. Откако настанот на КБМП не успеа, групата предводена од Дечев и Љубчо Георгиевски и Мартин Заимов, се пресели во близина на градинката „Кристал“, но и покрај тоа предавањето не се одржа.