ЕВРО ЗОНА: Хрватска влезе, Бугарија „јок“ поради Македонија

Европа

Хрватските пратеници денеска го одобрија законот со кој се отвора патот за воведување на еврото следната година. Со тоа официјална валута на Хрватска станува еврото, а куната заминува во историјата.

Земјата треба да ја замени хрватската куна со евро на 1 јануари 2023 година. Тоа е награда за брзиот развој на Хрватска, додека пак на апликацијата на Бугарија е оставена за понатамошно разгледување. Бугарија не влегува во евро зоната, информираат од Брисел.

Хрватските пратеници гласаа со 117 „за“ и 13 „против“ за законот за воведување на еврото. Еден пратеник од 131-члениот парламент беше воздржан, објави Еуроњуз.

Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, велејќи дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните.

Двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалното воведување на еврото.

Бугарскиот парламент иако сонуваше да гласа за вакво нешто, тоа нема да го доживее се додека не изгласа нова Декларација за Македонија и не го симне ветото за ЕУ. Тоа е една од присилните мерки на ЕУ кон Бугарија со цел да воспостави нормален процес на проширување на Унијата на Балканот.

Економијата на Хрватска зависи од приходите од туризмот во текот на летните месеци. Секоја сезона земјата привлекува стотици илјади европски и други странски туристи.

Додека пак економијата на Бугарија е драстично позависна од ЕУ од онаа на Хрватска, а со тоа Бугарија е поранлива на европскиот притисок по македонското прашање. Хрватска е наградена поради отворената поддршка за проширување на ЕУ со Македонија и Албанија, за разлика од Бугарија, коментираат во Брисел.