
БАЈДЕН ОТРЕЗНА, започна да учи од Кисинџер за ПУТИН
Американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост поради тоа што неговиот рускиот колега, Владимир Путин, нема стратегија за излез од украинската војна. Односно дека САД и НАТО не му даваат излезно решение, а со тоа Путин станува се поопасен. Затоа, Бајден се обидува да смисли што да направи, јавија британски медиуми.
Говорејќи на политички митинг, каде се собираа парични донации, Бајден изјави дека Путин погрешно верувал, оти, окупацијата на Украина ќе ги разбие НАТО и Европската Унија. Според Бајден, Путин е многу пресметлив човек и проблемот што сега го загрижува, е, тоа што рускиот лидер „моментално нема излез“.
– Јас се обидувам да сфатам што да направиме во врска со ова прашање – истакна претседателот на САД.
Конечно Бајден се сети каде лежи зајакот, што пред 50 години правеа неговите мудри предходници за да го скротат СССР.
Говорот на Путин е ревизија на историјата. Дека Путин нема јасна стратегија оценија светските аналитичари по неговиот изненадно краток говор вчера на парадата за Денот на победата. Тоа беше Парада на срамот. Ревизија на историјата, вака го оцени Белата куќа, говорот на рускиот претседател. Аргументот на Путин оти западната агресија довела до војна во Украина е „очигледно апсурдна“, јавија странски медиуми.
Според портпаролката на Белата куќа, Џенифер Псаки, говорот на Путин е „ревизионистичка историја, што доби форма на дезинформација“.
Окупацијата била превентивна? Се работи за изјавата на Путин кој вчера потенцираше дека Русија превентивно се спротистави на агресијата и дека тоа била единствената правилна одлука. Тој, во обраќањето на парадата на Црвениот плоштад во Москва, тврдеше дека НАТО ја проширувал воената инфраструктура, оти почнале да работат стотици странски советници и редовно се доставувало најсовременото оружје до членките на Алијансата.
– Опасноста се зголемуваше секој ден. Русија превентивно се спротистави на агресијата – тоа беше присилна, навремена и единствена правилна одлука на суверена, силна и независна земја – изјави Путин во краткиот говор кој ги изненади сите.
Ова се глусти кажани од Путин, бидејќи токму сега после неговата агресија врз Украина, НАТО достави најсилно и намногу оружје на границите на Русија, како никогаш до сега во историјата. Така Путин предизвика обратен ефект.
Оживеан законот од Втората светска војна. Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се овозможува забрзување на испраќањето воена опрема во Украина, со што повторно се активира законот од Втората светска војна.
– Украинците секој ден се борат за своите животи – рече Бајден во Овалната соба, додавајќи дека „таа борба е скапа, но попуштањето пред агресијата би било уште поскапо“.
Потпишаниот документ, „Закон за заем за одбрана на демократијата на Украина од 2022 година“, се заснова на програма од Втората светска војна, чија цел беше да ѝ помогне на Европа да се спротивстави на Хитлер. Тој беше поддржан од речиси сите претставници во Конгресот, освен десетмина од Претставничкиот дом кои гласаа против, се вели во соопштението на Белата куќа.
Од почетокот на руската окупација на Украина, администрацијата на Бајден му испрати на Киев огромна воена помош со што победата на Путин стана невозможна.