Охрид станува и центар за ЗАТВОРСКИ ТУРИЗАМ: Ова се првите„резервации“!

Македонија

Охрид поради македонските правила за издржување затворски казни и струшкиот казнено поправен дом, заличува и на центар за затворски туризам откако веќе ќари тројца високопрофилирани осуденици со ниски пресудени казни.

Известувањето за новодоселените охриѓани, Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ е пристигнато во охридскиот суд. Предметот е даден на судија за извршување на санкции, а Камчев и Јосифовиќ ќе може да ја издржуваат казната по спогодбата за Империја во струшкиот затвор.

Затворот во Струга е единствен затвор од отворен вид во државата, па сите осуденици со помали казни од три години, кои имаат адреса во Охрид, Струга, Кичево и Дебар ја издржуваат казната во него каде што лежењето всушност се сведува на двонеделен прием зад решетки и потоа слободно располагање со времето на затвореникот кој треба да преспие во казнено поправниот дом.

Ова привилегија со менување на адреса ја исползувале Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ, а претходно како иновација во јавноста ја продаде Зоран Милески Кичеец. Државниот обвинител Јовевски вели првпат слушнал за казната на Камчев од медиуми, а Џолев од кривичниот суд вели дека постапките биле спроведени од МВР согласно управните законски решенија.

Според информациите  Камчев првин изнајмил живеалиште во Охрид по што со нотарскиот договор за закуп на 20-ти април побарал жителство во туристичкиот центар. Еден ден подоцна, охридската полиција ја известила управната служба на МВР во Скопје. Истиот 21-ви април, во скопскиот кривичен суд на Камчев и на Јосифовиќ во рамките на случајот „Империја“ им беа изречени затворските казни.

Обвинителката Лиле Стефанова откри дека повеќе обвинети во предметот „Империја“ сакаат да се спогодат за признание на вина. Меѓу нив, отпосле се дозна биле и новопечените охриѓани Камчев и Јосифовиќ. На 26-ти април, Камчев веќе се сликал за нова охридска лична карта. А ден подоцна на 27-ми април ја склучил спогодбата за едногодишна затворска казна и исплата на 5,1 милиони евра за даночно затајување кое го признал. Информацијата за склучената спогодба беше потврдена од обвинителката Вилма Русковска во Топ Тема на Телма, а истиот ден на 29-ти април соопштение објави и обвинителството.