
ВАЖНО: МПЦ призна, во тек се тајни преговори со СПЦ
Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј во изјава за ТВ Сител ја потврди информацијата дека делегации на МПЦ – ОА и на СПЦ имале средба во Ниш, но не откри никакви детали.
Кратко кометира дека преговорите се во тек, без да прецизира кога точно се одржала средбата, кој се учествувал на нејзе и што точно се преговара со СПЦ.
-Преговорите се во тек, толку можам да кажам, изјавил г. Тимотеј за Тв Сител.
Телевизијата објави дека најголем дел од владиците на МПЦ-ОА, воопшто не биле запознаени за оваа најнова црковна дипломатија на МПЦ-ОА.
За вторник е закажана вонредна синодска Седница, на која се очекуваат повеќе детали.