(ВИДЕО) Скандал на Евровизија: Андреа го фрли македонското знаме

Македонија

На свеченото отворање на годинашното евровизиско издание во Торино, Италија, нашата претставничка Андреа Коевска прошета по тиркизниот тепих, облечена во веќе препознатливиот стил, а во раце го држеше македонското знаме. Сепак, тоа што го привлече вниманието на присутните беше моментот кога таа за време на фотографирањето го фрли државното знаме на земја.

Во меѓувреме, се огласи и МРТВ, кои го осудија овој гест и ја разгледуваат можноста за нејзино повлекување од музичкиот настан

„Македонската радио телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.

МРТВ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТВ.

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал“, велат од МРТВ.

Според Член 8 – Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.