ВУЧИЌ ДРАМАТИЧНО до нацијата: Се вртиме кон ЕУ, ПУТИН го искористи Косово

Балкан

Српскиот претседател Александар Вучиќ организираше драматично обраќање до нацијата на кое соопшти дека ситуацијата со Косово за Србија драматично се влошила после рускиот напад на Украина, особено што Путин го искористил Косово како алиби за неговите интереси во Украина.

Без разлика што последните истражувања на јавното мислење покажуваат огромно мнозинство против ЕУ и поддршка за агресијата на Русија, сепак Вучиќ истакнува дека не е претседател за да угодува на јавното мнение, туку да ја води државата во перспективна иднина, која доаѓа од ЕУ, а не од Русија.

Вучиќ наведе и причини за тоа. Трговијата на Србија со ЕУ е 60,2% од вкупната со цел свет, односно 30,8 милијарди евра. Само со една земја од ЕУ таа надминува 13%, а таа земја е Германија, а не Русија. Речиси 300.000 српски граѓани се вработени во европски компании ширум Србија, а тие им припаѓаат на земјите од ЕУ.

Најголем дел од странските инвестиции во Србија доаѓаат од ЕУ, во износ од 1,84 милијарди евра само за минатата година, објаснува Вучиќ.

Тој додаде дека ги разбира зошти Србите се бунат против ЕУ, поради притисокот за Косово и поради санкциите за Русија, но дека српски национален интерес е да соработуваат со ЕУ.

Ние со ЕУ ја направивме брзата пруга Белград – Ниш, која реши наши вековни проблеми, а не со Русија! – е ставот на Вучиќ.

Едно е праведното, друго се интересите, а во моментов нема меѓународно право. Ние мораме да се грижиме за интересите на нашата држава, нашиот народ и иднината на нашите деца, а не за руските интереси.

“Мојата порака е дека денес Србија е на европскиот пат, дека по тој пат ќе одиме посилно и ќе се бориме за местото на Србија во семејството на европските народи.“ –нагласи претседателот на Србија.

Тој е силно загрижен за Косово и недостатокот на дијалог со Албин Курти кој започнал да го глуми Зеленски, откако Путин го искористил Косово како алиби за неговите амбиции во Украина.

Тој истакнува дека работите драматично се влошиле по изјавите од Владимир Путин. “Не дека и мислел лошо на Србија, ама работите со Косово ги поставил поинаку, во во одбрана на руските интереси!“

Нашата позиција е потешка благодарение на реакцијата на меѓународната заедница на тие изјави.

Вучиќ потврди дека Путин нашол алиби за неговата агресија врз Украина во меѓународното право и преседанот со Косово. Тоа е злоупотреба на пријателството со Србија и оставање на Србија на цедило.

„Путин ќе каже, имавме референдум за Крим, ќе направиме и за другите области. И сега како што западот знае да каже дека во Косово интервенирале да спречат геноцид или хуманитарна катастрофа, истото ќе го каже Путин за Украина.“ – изјавува Вучиќ.

Сега целата меѓународна заедница за да го негира тој аргумент на Русија, ќе побара од Србија забрзано да ја признае независноста на Косово, за да му кажат на Путин дека тоа не е истиот случај. Ако за тоа добијат согласност од Србија, тоа е веќе правен преседан и нема да биде исто“. – смета Вучиќ.

Тој смета сека сега целиот притисок ќе падне врз грбот на Србија, за да каже дека не е ист случајот на Косово со она што се случува во Украина.

Тоа не значи дека Русија ќе го признае Косово, но дека аргумените на Путин ќе бидат причина целокупната иднина на Србија да биде врзана за Косово.