
НЕВИДЕНА СРАМОТА: Потопен е рускиот мега брод „Адмирал Макаров“
На социјалните мрежи се појавија многу информации, но веќе тоа е официјално потврдено дека рускиот воен мега брод Адмирал Макаров гори во близина на Змискиот остров во Црното Море.
Според објавите, веќе има снимки кои за кратко ќе ги сподели МКДенес, станува збор за руската фрегата „Адмирал Макаров“ која била погодена украински противбродски проектил кај брегот на Одеса.
Наводно, голем број руски спасувачки бродови и авиони се во областа, со цел да го спасат преживеаниот екипаж, но бродот е веќе претворен во подморница. Американски дронови за набљудување го следат нивното движење и во живо известуваат.
После мега бродот Москва, овој беше втор по големина и значење руски брод на Црноморската флота, која сега е обезглавена и речиси десеткувана.
ОВА Е ОГРОМЕН СРАМ И ПОРАЗ ЗА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, КОЈА ПОДОБРО ДА ЈА ОТКАЖЕ ПРОСЛАВАТА НА 9ТИ МАЈ И ДА ПРОГЛАСИ ДЕН НА ЖАЛОСТ.
Украинците и светот веќе започнаа да прават шеги на сметка на Путин и неговите трансформери бродови, кои масовно се претвораат во подморници. Дури има урнебесна слика – селфи на Зеленски, со удавениот Путин во позадина.
Потопувањето на овој мега брод е доказ дека руската армија е целосно неспособна да се носи со предизвиците на 21ви век и најдобро е да се самораспушти и да се повлече од Украина.