
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со ГОЦЕ разочараниот
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Одбележувањето на 4ти мај, денот на загинувањето на Војводата Гоце Делчев, помина во тензична атмосфера во Скопје, Софија и Солун. Особено тензиите помеѓу Скопје и Софија станаа драматични за тоа „каков е Гоце Делчев“.
Болката на Гоце е што тој спор е македонско – македонски спор! Гоце е на сите Македонци, и тие од Вардарско и тие од Егејско и тие од Пиринско. Едноставно Македонците се потепаа помеѓу себе за Гоце војвода, да го делат на парчиња, како што ја поделија Македонија.
Гоце е на сите! Гоце е Македонија! А Македонија се сите нејзини делови. Македонија се сите нејзини чеда Македонци, без разлика дали денес се припадници на различни култури.
Македонците од Бугарија, Македонците од Македонија и Македонците од Грција никако да разберат дека се едно исто, просто Македонци, каков што бил и самиот Војвода!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!