ПАНИЧНО – ЛИГАВО ДОБРО УТРО со Аматерката

Добро утро

ПАНИЧНИТЕ НАПАДИ НА „ПОЛЖАВИТЕ“

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Во принцип, ненадеен и јак СТРАВ на единка или цела група е појава која најчесто се јавува кога нивниот животот е во прашање. Истото се случува и во состојба на анксиозност, кога постои увство на општа возбуденост, нејасен страв без очигледен надворешен повод, голем стрес и загриженост. Анксиозноста се манифестира преку повеќе физички и психички симптоми кои се доживуваат како многу непријатни, а често се јавува во комбинација со други болести, особено со депресија.

Ваквите појави нпредизвикуваат  хаотично однесување и губење на секој облик на самоконтрола. Предисториските луѓе вешто ја користеле паниката на животните, оние кои при средба со оган или пресилен звук, така би се испаничиле што неретко самите паѓале во провалии и така гинеле.

Ваквата состојба е типична за полтроните на власта кои во определен момент добиле државнички функции за кои ни на сон не можеа да поверуваат дека некогаш ќе ги добијат. И тоа се случи. Им се промени животот. На почетокот залутани низ институциите бараа „дупка“ да се  сокријат за да не им се види нкадарноста, срамот и стравот  од предизвикот што им следи, за покасно да се охрабрат и како „полжави“ да излезат од својата конфорна зона за да си ги покажат своите „рогови“.

Се раздвижија, го  вкусија „еликсирот на власт“ , а добивајќи ја почитта заради позицијата којаим е дадена ги претвори во самоуверени и самобендисани суштетва. Ја дигнаа главата, „ги облекоа“ функционерските костими и почнаа да „владеат“. Но лигавицата им остана. „Ползејќи“ навака-натака оставија траги од својата некадарност, неукост и аматеризам. Дојде моментот кога „лигавиците“- трагите почнаа да пречат на околината, а и на самите нив што истите се видливи. Тука почна ПАНИКАТА И СТРАВОТ.

Сега ги живеат моментите на „животните од праисторијта“. Звукот – гласот на народот им е пресилен, им пречи и добиваат панични напади. Не се спремни да прифатат критиката и реалноста воопшто. Се навикнаа на позицијата и убавиот живот, „еликсирот на власта“ им е превкусен за да го остават. Тие не сакаат да го вратат „функционерскиот костим“ во гардеробата, тој им дава сила и моќ. Свесни се дека почитта од околината ја добиваат заради него. Ако го соблечат ќе им се сруши се како кула од карти.

Во паниката која владее незнаат што да направат. Ги малтретираат вработените по институциите, им вршат психолошки притисок да бидат „тивки“. Им се закануваат со неосновани дисциплински постапки и откази. Ги пребројуваат секојдневно, ги укоруваат и навредуваат. Се однесуваат како да ги поседуваат, а преку нивното однесување им праќаат порака да бидат тивки и да не ги кометираат „лигавиците“ наоколу.

Колку подолго ќе и да им трае оваа манифестација на  паничен напад толку повеќе ќе го засилуваат  ЗВУКОТ – ГЛАСОТ НА НАРОДОТ, а крајната дестинација ќе им биде провалијата.

One thought on “ПАНИЧНО – ЛИГАВО ДОБРО УТРО со Аматерката

Comments are closed.