ПОЕНТА НА ДЕНОТ со РУСКО Косово и голема Албанија

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Косово повеќе од две децении се бори за меѓународно признавање на неговата државност.

Тој процес подразбира мултилатерално признавање и билатерални односи. Косово воспостави билатерални односи со низа земји во светот, меѓу кои и Македонија, но сето тоа не помага се додека не обезбеди мнозинство во Генералното собрание на ООН.

За сега, Србија има сериозна предност во поддршката на нејзиниот суверенитет врз Косово кај сериозен број на членки на ООН, а со тоа косовската амбиција за милтилатерално признавање, пред се во ООН, останува невозможна мисија.

Меѓународното право, кое за жал постои само за малите и сиромашни држави, налага евентуална одлука на Генерално собрание да биде потврдена и во Совет за безбедност, каде пак право на вето на секоја одлука имаат земји како Русија и Кина.

Со други зборови, меѓународниот поредок е така воспоставен, да големите сили имаат право на индирекно вето на сите одлуки на Генералното собрание на сите држави во светот, па макар сите освен една да гласаат за некоја одлука. Доволно е само таа една земја да биде членка на Совет за безбедност, да стави вето и одлуката не важи!

Поедноставено и применето во случајот со Косово, тоа би значело дека без согласност на Русија, Кина или било која земја, постојана членка на Совет за безбедност, не може да добие меѓународно признат статус на независна држава и членка на ООН.

Едноставно тоа е возможно само доколку Србија каже ОК и со тоа Русија и Кина да кажат ОК!

Сите напори на „западниот свет“ под лидерство на САД се насочени во таа насока, Србија да се „мотивира“ да каже ОК! Не викам дека е невозможно, но многу тешко е возможно.

Но сега ненадејно се отвори патот за Косово. Се отворија нови перспективи во „новиот светски поредок“ на Путин.

Имено, Путин бара да биде суспендиран овој „правен систем“ кој погоре е наведен, а примерот со „признавање на Косово“, кој никогаш не се случил во ООН, Путин го наведува како основа за самопрогласување на независноста на две украински провинции, Доњецк и Лугањск, под руско покровителство.

Путин намерно „заборава“ дека има Резолуција на Совет за безбедност на ООН, која независноста на Косово целосно ја суспендира, а признавањето на држава Косово е невозможна мисија.

Токму тука лежи зајакот! Путин ја пушти Србија низ вода!

Тргнувајќи од свој руски себичен интерес за крадење на територии од Украина, тој го користи Косово како алиби и бара светот тоа да му го прифати и признае како легитимно. Како „лагално крадење“ територии од друга соседна суверена држава.

Со ова тој ја отвара вратата во Совет за безбедност, Русија да се согласи со независноста на Косово, како би добила признавање на независноста на “руските републики“ во Украина.

Значи сонот на Косово за независна држава ќе се оствари преку Путин и преку Русија. Русофилското Косово е на повидок. Сега Косово тргнувајќи од свој себичен интерес треба да застане на страната на Путин, односно интимно веќе навива за признавање на Доњецк и Лугањск.

Со тоа завршува прва фаза на независност и се отвара втора фаза на припојување кон Албанија.

Секако Путин ќе се согласи и со припојување на Косово кон Албанија, со цел тој да добие повторно алиби за припојување на „украинските независни републики“ кон Русија.

На тој начин, Путин конечно ќе започне да го остварува планот на СССР за голема Албанија. На патот ќе им застане проблемот Македонија и нејзиното членување во НАТО. Голем проблем за руските амбиции, како да го заокружат целиот план.

Поделба на Македонија и нејзино припојување кон соседни големи држави е руски сон од пред многу векови. Тие два пати ја поделија Македонија и распределија на соседите. Во 1913 и во 1944, Букурешт и Јалта. Тој сон никогаш не престанаа да го сонуваат. Ова е нивниот повторен, по кој знае кој пат обид, тоа да го реализираат.

Согласно „новиот светски поредок“, по примерот на Косово, Доњецк и Лугањск, одредени општини од Македонија, како Струга, Кичево, Тетово, Гостивар, Сарај, Кондово, Чаир, Липково и други ќе побараат право на регионално организирање и формирање на т.н. албански кантон.

Тој кантон по новото „путиново меѓународно право“ ќе побара независност и треба да добие од ООН, бидејќи веќе тоа се случило предходно.

Следна фаза е таа „независна албанска република“ во Македонија да добие право на припојување кон Албанија, бидејќи тоа право предходно го добиле Косово, Доњецк и Лугањск. И тоа ќе се случи со амин на Русија и Путин.

Со тоа сонот на Русија за уништување на Македонија станува реалност. Веќе со т.н. „македонски кантон“ во Македонија ќе биде полесно, да се вклопи во плановите на руската држава Бугарија, а Србија да добие одредена компензација за загубите со Косово. Затоа и русофилскиот дел од Бугарија толку многу навива за планот на Путин. Очекуваат да лапнат некое парче од Македонија.

На крај, Путин ќе направи Македонија да ја плати сметката и за Србија и за Украина, и за Косово и за Доњецк и Лугањск.

Секако тука не е само Македонија. Тоа ќе добие домино ефект во светот, ќе започнат стотина регионални кризи и војни, а Русија ќе биде таа која ќе ги решава. Тоа е всушност големата амбиција на Путинова Русија.

Има еден проблем, на патот им стои НАТО и САД. Тие тврдо стојат на позициите за независна и суверена Македонија, против „големи држави“ на Балкан и решавање на Косово во рамки на дијалог со Србија.

„Отворен Балкан“ на Франција е некоја подваријанта на жалбите на Путин, односно локализирање / регионализирање на проблемот со Косово и Украина, и решавање во тие рамки, без да се чепка во кантоните кои бараат независност ширум Европа.

Има уште еден проблем за Путин. Албанците строго стојат на позициите на САД и по никоја цена не излегуваат од истите, без разлика што Путин им создава „голема Албанија“, со надеж дека во иднина природно ќе се поврзат „албанските територии“ на Балканот во рамки на обединета Европа.

Каде се тука Македонците и нивните интереси? Во плановите на Путин сигурно НЕ!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!