
ДОБРО УТРО со Аматерката и НАЦИЈА ЖРТВА НА МАНИПУЛАЦИЈА
НАЦИЈА ЖРТВА НА МАНИПУЛАЦИЈА
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Колку побрзо и поумешно ќе ги откриеме тајните на манипулацијата, толку побрзо и полесно ќе излеземе од овој затворен круг на манипуланти кои долги години успеваат да ја уништуваат нацијата, а со тоа и државата.
Таа желба да се контролира однесувањето на нацијата, без да се соочи со напор, а притоа да не се вложува реален труд за решавање на суштинските и битни прашања за истата, успешно ги одржува на власт политичките манипулатори долг временски период. Колку периодод е подолг, толку и штетите по нацијата и државата се поголеми.
Психолошките манипулации се широко распространети феномени во современото општество. Ако манипулацијата толку често се користи од страна на политичарите за постигнување цели, се поставува разумно прашање: Од кои причини сакаат да манипулираат и зошто го избираат овој начин на „решавање“ на животните проблеми?
Едноставно е. Преку добра организација на медиумите, вклучувајќи ги и социјалните мрежи влијаат врз човечкиот ум и управуваат со луѓето со скриена доминација која ја спроведуваат на ненасилен начин. Контролата врз медиумите е јавна тајна во нашето општество, а бот-центрите се најважниот „сектор“ во партиските штабови.
Измамата или играњето на слабостите на луѓето го спроведуваат преку институциите на системот. На кого што му е потребно однапред знаат па така почнуваат со соодветни понуди. Некому нудат вработување, а некому му се закануваат дека ќе го избркаат од работа. Некому нудат субвенции некому нема да му ги дадат. Некому ќе му дозволат нормален живот, а некому ќе му го одземат. Избираат кому ќе овозможат безплатно и квалитетно лекубање, а кој ќе остане изгубен низ здравствените лавиринти. Образованието селективно и раководено од политички избраните подобни директори и просветни работници им овозможува „одличен успех“ на избраните, а ги уништува децата на неподобните.
Најпосле на начин да се претвори лице во ропство успеваат да задржат стабилна бројка на гласачи кои ќе им овозможи определен период спокој во владините фотељи и повеќе концентрација на за нив најважната работа-лично богатење.
Во меѓу време манипулаторите користат емоционални и ирационални средства, па така ќе актуелизираат некое национално прашање со кое ќе ја вознемири нацијата, па додека тоа кружи во етер манипулаторите ги завршуваат за нив најважните зделки. Сведоци сме на манипулациите со име, знаме, територија и сл. Во одредени ситуации својот мир си го обезбедуваат и со градење на спомен обележја кои емоционално влијаат на определена група на луѓе на кои друго и немаат намера да им овозможат.
Најчесто така им поминува мандатот со „наменско управување“ и амбиција да владеат, управуваат, доминираат по секоја цена и постојано победуваат, користејќи ги средствата како што се цинизмот, лагите и контролата. Некаде при крајот на мандатот ги „фаќа“ паника и страв од губење на власта па тогаш почнуваат со методите на програмирање на мисли, емоции, однесување, намери, ставови, психологија, спроведени на скриен начин.
Влијанието врз психата на поединецот е толку вешт што манипулативниот објект ( поединецот) има желби и намери кои не се негови вистински желби и намери. Иако нема што да јаде ќе аплаудира на некој политички неистомисленик со лисици на раце. Иако неможе да си ги школува децата ќе биде воодушевен од власта што го избркала од работа оној од другата партија.
Иако ја изгубил државата тој од петни жили ќе „навива“ за војната помеѓу Русија и Украина. Тој гордо ќе ја нагласува „СЕВЕРНА“ бидејќи неговите избраници така одлучиле, оние кои му „дале“ или ќе „му дадат“ работа. Вратот ќе го истегне гледајќи во Воинот на коњ или споменикот на ОНА, и додека гледа така нагоре покрај него не ја забележува бедотијата која го опкружува.
За жал ваквиот манипулативен пристап опстојува со години и секоја наредна власт практикува да да одржи континуитет.