ПОЕНТА НА ДЕНОТ со граѓанската Конституција на бугарски Црвенко

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Руменко или по нашки Црвенко, конечно призна дека не постојат етнички Бугари!

Тој си кажа и никој во Бугарија не го разбра, зашто ако го разбереа што тресна, до сега ќе беше депортиран во Македонија.

Бугарската Конституција или по нашки бугарскиот Устав била гражданска или по нашки граѓанска. Во ред!

Тоа било нешто како американскиот Устав, каде сите се граѓани Американци, а со различно етничко потекло.

Така имаме македонски Американец, тоа е граѓанин на САД, Американец кој е по потекло етнички Македонец! Па имаме ирски Американец, кој е граѓански Американец, а по потекло етнички Ирец! Ајде да си спомнеме уште и за британски Американец, кој е Американец ама Британец по етничка припадност!

Значи согласно меѓународното поимање на граѓанските устави во светот, па и во Бугарија, имаме турски Бугари, кои се етнички Турци по потекло, ромски Бугари кои се етнички Роми по потекло, каракачански Бугари кои се етнички Власи по потекло и секако најголем број македонски Бугари, кои се граѓански Бугари, по етничко потекло Македонци!

Руменко или Црвенко призна дека во Бугарија има околу три милиона македонски Бугари!

А тоа согласно гражданската Конституција, налик на американската, означува дека во Бугарија има три милиони државјани Бугари, кои се Македонци по етничко потекло.

Бугарските соколи на ФБ или наменски ботчиња на монти пајтон бугарската тајна служба, поитаа да го дообјаснат дека Црвенко не мислел така, ами мислел вака… турски Бугарин значело едно, а македонски Бугарин друго!

Односно, турски Бугарин било Турчин по етнос, а македонски Бугарин било Бугарин по етнос, не било Македонец, зашто такви не постоеле.

Абе монти пајтон фраери, не може комбинација, за Турците да биде гражданска Конституцијата ви, а за Македонците да биде етническа!

Или ако така сакате, ОК! Ако имате сега по најново етнички Устав, тогаш ќе морате да ги внесете во Уставот етничките Македонци, кои несомнено постојат и имаат организирано преку 20 здруженија на граѓани, кои вие не ги признавате, нели поради гражданската Конституција. Е сега ако ви стана поинаква, по етническава Конституција ќе морате да ги признаете.

Угоре високо, надолу длабока, а драги Црвенко? Што викаш? Ја утнавте работава!

Сега или ќе признаете три милиони етнички Македонци по граѓански Устав, што топло ви препорачувам, ако сакате братство со Македонците од Македонија или ќе признаете три илјади Македонци по етнички Устав, што не ви препорачувам, зашто ќе си пукате во слепоочница.

А како до сега, ниту едното, ниту другото, веќе не можете пријатели! Тоа Америте нема да ви дозволат, сакале вие или не сакале!

Првата опција, по Уставот на Делчев Војвода ќе значи НЕ за Бугари во македонски Устав, зашто македонските Бугари се Македонци и ги има во Устав.

Втората опција, по Уставот на Грашанин Војвода ќе значи ДА за Бугари во македонски Устав, зашто Македонците не се Бугари, ама тогаш ќе ја признаете тезата на Тито.

Ајде сега вие сте на ред, нашето го направивме!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!