СДСМ го правда Таче, ама не кажаа кој го ставил директор на Телеком?

Политика

Тоа што Димитар Ковачевски како директор во Македонски телеком АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ. За криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и оној од „Скопје 2014“ збор имаат македонските судови, се наведува во писмената реакција на СДСМ за прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор. Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултираа со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ.

Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните, се наведува во реакцијата.

И се тоа убаво што се потрудиле од СДСМ да демантираат, ама никако да кажат кој го стави Таче директор на Телеком во време да тешкиот режим на Груевизмот? Дали можеби тоа беше Сашо Мијалков, кој располагаше со таа компанија како приватна сопственост, а Таше беше негов намесник – извршител?