ХИЛ се активира, дали се отвара КОСОВО во контекст на Украина

Балкан

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил оцени дека САД и ЕУ очекуваат Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, а Белград треба да „преиспита“ доколку верува дека Русија ќе му помогне да го реши косовското прашање, пренесе Бета.

Амбасадорот, кој веќе еден месец е во Белград, во интервју за „Глас на Америка“ објавено денеска изјави дека Србија сама одлучува за санкциите, без притисок, но не кажа дали ќе има последици за српско-американските односи доколку Белград остане на сегашната позиција.

Дали САД се подготвени да помогнат на Србија за Косово, во замена за поддршката на Србија за непризнавање на т.н. руски независни републики во Украина?

Хил рече дека американскиот сенатор Крис Марфи и неговите колеги и српскиот претседател Александар Вучиќ разговарале за повеќе теми минатата недела, вклучително и за односите меѓу Србија и САД, и рекле дека односите се добри, но и дека може да се направи повеќе.

„Една од темите беше ситуацијата во Украина, една од најголемите трагедии во овој век. Затоа, не е чудно што американските претставници презентираа различни аспекти на таа ситуација во комбинација со односите меѓу Србија и ЕУ“, рече тој.

Хил во таа прилика го појасни интервјуто, каде потенцира дека не станува збор само за санкции, туку рече тој за вкупната политика на Србија кон украинското прашање. „Не е точно. Бев таму и не се работеше за санкции“ истакна Хил.

Вучиќ ги демантираше и тврдењата дека кога споменал дека за 60 дена ќе одлучува и одговара на една тема, се зборувало за санкции кон Русија.

Всушност станува збор за косовското прашање, кое без разлика на состојбата во Украина, ќе се отвори за решавање во текот на 2022 година, а Вучиќ има само два месеца за конечен одговор по тоа прашање.