СРБИЈА ја копира МАКЕДОНИЈА, купи американски транспортери

Свет

Српската војска купила американски оклопни возила за воената полиција.

Војската на Србија (ВС) за потребите на воената полиција набави оклопни возила „беркет“ од САД, што ќе биде првпат во модерната историја воената полиција да користи ваков тип возила од американско производство.

Прво такви транспортери, во поголем број, купи Македонија за потребите на АРМ, а сега Србија го следи тој пример и ја копира нашата армија.

Според порталот на Балканска безбедносна мрежа, првите пет оклопни возила „Беркет“ беа претставени во саботата на демонстрацијата на способностите на воздухопловните сили на аеродромот Батајница, што се одржа под името „Штит 22“.