
ЕУ со своја ВОЈСКА, еве од кога
ЕУ одобри заедничка одбранбена стратегија која вклучува создавање на свои вооружени сили и распоредување на 5.000 војници – таканаречениот план „Стратешки компас “ – ова се случува за прв пат во историјата на блокот.
Латвискиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс рече дека иницијативата обезбедува „неопходни алатки за ЕУ да стане вистински геополитички одбранбен и безбедносен играч заедно со НАТО“ и е само „почеток на патувањето“.
Планот, првпат споменат во 2020 година, е насочен кон подобрување на соработката меѓу постојните европски војски и НАТО, консолидација на сајбер-одбраната и олеснување на заедничките програми за истражување и развој.