ШОК ЗА РУСИЈА (видео), со америчко оружје Украина ослободува територии

Свет

Украинската армија започна со активна употреба на американско оружје, особено хаубици M777 155mm Howitzers, со кои буквално ги разнесе руските позиции на југот на Украина, северно од градот Херсон.

Огромен магацин на муниција и повеќе од 70 руски војници, кои го чувале скаладот, биле уништени во само првата фаза од офанзивата во регионот на окупираниот Херсон, соопшти генералштабот на украинската армија.

Изминатото деноноќие Русите се обиделе да ги засилат нападите на територијата на Јужна Украина и спровеле две масовни акции. Но и двата обиди биле одбиени, а руските војници принудени да се вратат на почетните позиции, соопшти преку ноќта Оперативната команда „Југ“ на Украина.

После одбиените напади со помош на американската артилерија, украинската војска тргнала во против офанзива, при што успеала да уништи два тенка, три оклопни транспортери, шест инженериски машини и два камиони, со помош на два разузнавачки дрона.

Во тие известувања, украинската страна соопшти за ослободување на две села во Херсонска област (Киселивка и Клапаја) и за напредок кон окупираниот во почетокот на март од Русија, Херсон во близина на Чернобаивка.

Враќањето на контролата над градот Херсон е приоритетна цел на украинските војски, бидејќи ослободувањето на градот ќе дозволи да биде запрено водоснабдувањето на Крим.