СМЕШКИ: УЧК четничка копира СРПСКИ споменик во Куманово

Македонија

Остатоци од УЧК во Македонија, влезени во филмот на ослободување на дардански територии, се одлучиле да направат споменик, но не умееле каков би бил, а да се гледа од Куманово.

Се одлучиле да го копираат српскиот четнички споменик на Зебрњак, во услови на безидејност и тоа со иста висина од 20м и со ист симбол, двоглавиот православен орел.

За да биде трагично смешно, споменикот со двоглавиот православен орел е поставен над гробовите на покојни муслимани. Тоа зборува за кратковидоста на балканските освојувачи, кои секогаш трагично завршуваат во Македонија.

Оваа тажна копија, тажно и ќе заврши, како и сите окупаторски споменици во Македонија. Без разлика дали биле српски, албански или бугарски. Но да бидеш толку безидеен и да копираш четнички споменик со истиот симбол е повеќе од смешно.

Колку ли време овој т.н. споменик ќе опстои на таа локација? Може и да започнеме лицитација, согласно балканската динамика и случувања од последните два века до денес.