
ТРАМП му се заканувал на ПУТИН, еве што тој му одговорил
Доналд Трамп предупреди дека светот оди кон нуклеарна војна доколку „глупавите“ лидери не внимаваат.
Поранешниот американски претседател остана на своето тврдење дека можел да ја спречи руската инвазија на Украина во долгоочекуваното интервју со Пирс Морган.
Запрашан дали му се заkанувал на рускиот лидер со американско нуклеарно оpyжје додека бил на власт, тој одби да даде директен одговор, но додаде:
„Му се заkанував како никогаш порано. Му кажав каков ќе биде нашиот одговор, а тој рече: „Навистина.“ А јас реков: „Навистина“.
Трамп додаде дека го поздравил потегот на Путин кога тој распореди повеќе од 100.000 војници на украинската граница пред Hападот во февруари.
„Кога ги собра војниците на границата, реков дека тоа е многу паметен, брилијантен потег бидејќи мислев дека преговара. Кога влезе, реков дека тоа веќе не е одличен потег“, рече тој.
Зборувајќи за тоа како сегашниот претседател Џо Бајден и другите лидери се справуваат со војната, тој предупреди дека „светот ќе биде ckpшен на парчиња“, додавајќи дека „има многу глупави луѓе кои го водат“.
„Нашите лидери не се паметни, и ако не се паметни, потенцијално би можеле да завршиме во нуклеарна војна. Ова е почеток. Бев најдобриот предвидувач на работите досега.“, рече Трамп.
Запрашан како точно ќе постапи со Путин, тој одговори: „Јас би рекол дека имаме многу повеќе (нyклеарно оpyжје) од вас, многу помоќни од вас и повеќе не можете да го користите тој збор.
Никогаш не можете да го користите нyклеарниот збор повторно. И ако го направите тоа, ќе имаме проблеми“, додаде поранешниот американски претседател.