ПОЕНТА НА ДЕНОТ за Ќосето и ќосињата

ПОЕНТА НА ДЕНОТ, СКОПЈЕ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

НАСИЛСТВОТО се враќа со насилство. Било така и ќе остане.

Прв бран насилство

Насилното поставување на споменици на ликови кои никој не ги знае, прв пат ги слушнале граѓаните, никој предходно не ги подготвил, не им објаснил кои се и зошто заслужуваат споменици, создаде отпор токму кон тие историски ликови, а не кон неодговорните поставувачи на споменици.

Втор бран насилство

Тоа насилно и ноќно шверц поставување на споменици на секое ќоше, создаде насилно и ноќно шверц отстранување на споменици од секое ќоше.

Притоа и отстранувачите, како и поставувачите, не им објаснија на граѓаните од кои причини ги отстрануваат!

Дали од естетски причини, дали идеолошко – политички, дали од одмазда кон поставувачите или од омраза кон историските ликови?

Трет бран насилство

Тоа предизвика очајна потреба кај следбениците на поставувачите да им се одмаздат на отстранувачите и по трет пат насилно да ги вратат поставено – оставено истите споменици.

Срамота за историските ликови, срамота за народот, срамота за историјата која ја создаваме.

До кога и до каде со насилствово?

Споменик се поставува, а под него се поклонува цел народ.

Споменик обединува народ, а не разединува.

Но тоа секако во нормалните држави, во Македонија е обратно.

Тука споменик се плука.

Тука споменик разединува.

Ние не сме ниту за споменик!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!