
РУСИТЕ ПОТВРДИЈА: Започната е нова фаза во операцијата во Украина!
Следната фаза од руската специјална воена операција веќе е започната во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Русија ја започна својата очекувана нова голема офанзива во источна Украина, изјави претседателот на украина Володимир Зеленски.
„Руските трупи ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време“, додаде тој во видео обраќање.
Значаен дел од целата руска армија сега е концентриран на оваа офанзива. Руските сили се репозиционираа и зајакнуваа неколку недели откако беа спречени во нивниот обид да го заземат главниот град Киев.
„Без разлика колку руски војници се испратени таму, ние ќе се бориме. Ќе се браниме. Ќе го правиме тоа секој ден“, рече Зеленски. Кремљ соопшти дека сака да го „ослободи“ регионот и дека проруските сепаратистички борци се борат со украинската војска во областа – која ги опфаќа Доњецк и Луганск – од 2014 година.
Офанзивата е во тек веќе две недели и до сега нема никакви значителни резултати. Руската армија не е способна сеуште да го заземе Мариупол, а не пак да го пробие источниот фронт, каде украинската армија е најдобро поставена и опремена.