ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ: „Гучи“ продава сандали кои порано ги носеше секој Југословен

Мода

На официјалната страница на луксузниот моден бренд „Гучи“ се продаваат пластични сандалки кои потсетуваат на оние кои минатиот век ги продаваше „Југопластика“.

Летниот одмор во поранешна Југославија не можеше да помине без легендарните гумени сандали Југопластика. Носеа деца, но и возрасни.

Многу корисници на социјалните мрежи забележале сличност меѓу сандалите Југопластика и Гучи, кои се продаваат за 400 евра.

Жените можат да ги купат во розова и виолетова, а мажите во црна и зелена боја. Има и проѕирна варијанта.

„Прескапа носталгија“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.