БАНГИЕВСКИ од МКонцепт: СОНК капитулираше!

Изјави

Одлуката на СОНК да го прекине протестот без значителни придобивки за просветните работници и без образложение зошто го продолжи тој протест доколку не беа подготвени да одат до крај, ги вознемери вработените во образование, но и јавноста.

Во таа смисла своја реакција на социјалните мрежи искажа и Владимир Бангиевски, адвокат и потпретседател на „Македонски Концепт“. Според него, СОНК капитулираше!

Договорот со Владата е: – 12% со ЈУЛСКА!!! плата. Тоа, народно кажано значи: – “Не умри магаре до зелена ливада”.

Колку што фајде видоа со минималната плата – толку и со покачувањево.

ТРИКОТ НА ВЛАДАТА Е ВО ИНФЛАЦИЈАТА

– Кога ќе го земете покачувањето – вие фактички сте земале усогласување на платата со стапката на инфлација – а не покачување! Згора на тоа, покачувањето на платите, не може да се однесува и на Директорите на училиштата, бидејќи тие се избрани или именувани функционери, а не наставен кадар, додека ја вршат својата функција.

“Социјалниот договор” со вклучување и на Директорите на училиштата е спротивен на Законот за вработени во јавен сектор!