АРХИЕПИСКОП СТЕФАН: Се обидуваат да ги избришат ПРАВОСЛАВНИТЕ Македонци од Македонија

Изјави, РЕЛИГИЈА

Фалсификуваниот Попис 2021 година со кој на најскандалозен начин се избришани православните Македонци, наиде на жестоки реакции и од страна на МПЦ – ОА. Црквата реагираше и по објавата на пописните фалсификувани резултати, но и на денот на чествување на Велигден.

Во својата велигденска честитка, поглаварот на МПЦ ги нападна тие сили што сакале да го истребат македонскиот народ од земјата со сомнителни статистички операции! Реакцијата на Архиепископот Стефан е на право место и во право време. Не смее да се премолчи ова скандалозно прогонство на Православните Македонци во Македонија.

Архиепископот го истакна следното:

„Кон нашиот православен народ, пак, еве, и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата! Затоа, да го молиме воскреснатиот Господ, да ни ги дарува потребните мудрост и единство, и нам, во татковината, и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста“, стои во велигденската порака.

Фактот дека беше спроведена специјална акција со која бројот на Македонците мораше да биде намален под 60%, а бројот на православните под 50% никој не може да го оспори. Ова е државна политика на прогон на православните Македонци во земјава, нешто за кое треба да се побара не само одговорност, туку и да се повика на мобилизација на сите православни граѓани на отпор на ова организирано насилство.